Колку луѓе гледате на сликата?
Фотографијата на која се гледа како четири лица наздравуваат стана хит бидејќи корисниците на социјалните мрежи очајно се обидуваат да ја забележат четвртата личност.
Сите сме ги чуле шегите за луѓето кои носат облека со војнички принт, нели? Некоја кутра душа се одлучува да облече панталони или ракавици со војнички принт само за денот да и биде исполнет со коментари како: „Леле, што се случи со твоите нозе?“ И „О, боже, каде се твоите раце?“
Оваа недела, сепак, улогите се обратно. Секој што поседува парче војничка облека е оној што се смее.
Сè започна на Reddit, каде што еден корисник објави фотографија со натпис „Мојот мозок одбива да верува дека има четири лица на оваа фотографија“.
Сликата е фотографирана од перспектива на еден од инволвираните лица, и прикажува група што наздравува со своите минијатурни шишиња алкохол. Се чини прилично јасна, нели? Па, не е, има четири шишиња на фотографијата и јасно е дека секоја личност држи свое шише, но изгледа како да има само три раце на фотографијата.
Погледнете убаво, ја гледате ли четвртата рака?