Оваа комбинација е вистински извор на витамини, најмногу од групата А, Б и Е, како и омега киселини и минерали. Препорачливо е да се зема на празен стомак, рано наутро.

Медот и сусамот помагаат во зајакнување на имунитетот, лечат констипација, ја намалуваат желбата за слатки, помагаат при стомачни мачнини и можат да помогнат при гастритис, колитис и чир. Смесата ги зајакнува и коските, ги стимулира менталните активности, ја зголемува физичката издржливости и одличен е за подобрување на квалитетот и здравјето на кожата и косата.

Подготовка:

Една лажица мед се меша со една лажица сусам, се додека смесата не почне да наликува на алва. Оваа количина од смесата има 155 калории, 8 грама маснотии, 21 грам јаглен хидрати, еден грам влакна и три грама протеини. При употреба на сите природни лекови препорачливо е да се консултирате со вашиот лекар.