Копривата и нејзините благотворни дејства
Копривата расте на пролет, нејзините листови се берат во текот на целата година. Повеќето знаат дека допирот на нејзините листови предизвикува појава на осип проследен со иритациона болка, но токму во тоа лежи нејзината лековите моќ.
Копривата е природен извор на витамини Ц, А, Б2 и К, богата со флавоноиди, пантотенска киселина, стероли, хлорофил и минерали како калциум, калиум, фосфор и железо. Исто така богата со протеини, масти и јаглени хидрати.
Копривата наоѓа примена во фармацевтската и козметичката индустрија, како основа на препарати против опаѓање на косата, препарати за стимулација на млечни жлезди кај доилки и медикаменти поврзани со иритација на кожата и болки во коските и зглобовите.
Нејзиното дејство е делотворно:
- за искашлување и бронхитис;
- ја подобрува функцијата на црниот дроб, желудникот и цревата;
- се користи при анемија и слабокрвност;
- ја намалува анксиозноста и несоницата;
- помага при варењето на храната;
- ги ублажува ревматските болки;
Чајот од коприва исто така помага при треска, жолтица и маларија.
Подготовка на чај од коприва:
- млади листови
- 1л. Вода
Отприлика грст млади листови од коприва се варат во вода во времетраење од 15 минути, течноста се процедува и се пие секое утро, во период од 1 месец. По потреба, постапката се повторува, но во поголем дел од случаите резултатите од нејзиното дејство се видливи по првата недела.
Копривата исто така, може да се конзумира и како додаток во исхраната, претходно обарена се додава во прилог на супи и готвени јадења, а исто така може да се користи при подготовка на домашни бели пецива.