Корен од мака- лек против хормонски дисбаланс?
Иако најпозната е како афродизијак за мажи, според нејзините состојки, маката како да е создадена за жените. Содржи идеална комбинација на витамини, минерали и олигоелементи, ензими, есенцијални масни киселини и растителни хормони. за макa во прав велат дека има позитивен ефект врз женската плодност, менструалниот циклус и либидото и помага во случај на проблеми поврзани со ПМС и менопауза. Ја подмладува кожата, косата и ноктите, но исто така и целиот организам. Згора на тоа, на телото му дава енергија, го штити од стрес, и е ефикасна во случај на хроничен замор, депресија и анксиозност.