Корисни рецепти со урми кои значително ќе ви го подобрат здравјето
Препорачливо е да јадете 7 урми дневно, на празен стомак. Со оваа количина вие ќе го ослободите телото од акумулираните токсини во ќелиите, како и тешките метали, на пример, олово. „Лебот на пустината“ е второто име на урмите. Тие имаат голема хранлива вредност, содржат 80% јаглехидрати, како и протеини, минерали, витамини, малку маснотии, немаат холестерол и многу се здрави. Постојат околу 100 вида на урми.
Сексуална ослабеност
Консумирајте млеко мед и урми заедно и ќе ви користи како тоник за третирање на сексуалната немоќ, кај двата пола, а исто така го зајакнува вашето тело и ви дава дополнителна енергија.
Ефективна терапија за тврда столица
Потопете ги урмите во вода и оставете ги да отстојат преку ноќ. Наредното утро консумирајте на празен стомак. Проблемите со варењето и цревата наскоро ќе сатанат минато.
Помагаат при воспаленија
Урмите се одлични за црниот дроб, затоа што го ослободуваат од токсините. Сувото грло, треск и настинка полесно ќе можат да се надминат доколку пиете сок од урми.
Урмите помагаат при породување
Тие се одлични за стимулирање на утерусот и ги забрзуваат контракциите при породување. Урмите како лаксатив се исто така важни за бремените жени поради прочистување на дебелото црево пред породувањето. Тие се одлични и за мајките кои дојат.