„Косата ми стана двојно погуста откако редовно започнав да ја правам оваа домашна маска“
Секоја жена сонува за густа и здрава коса, но разните хемиски производи, како и термички процеси за обликување, често пати, ја оштетуваат косата, правејќи ја да изгледа сува, кршлива и притоа и склона кон косопад.
Во продолжение ви откриваме одлична алтернатива, како да ја заштитите вашата коса, да го зајакнете нејзиното здравје и да го спречите косопадот, на лесен природен начин.
Домашна маска против косопад, за здрава и силна коса
Потребни состојки
- 1 жолчка
- 1 кафена лажица течен мед
- Половина супена лажица сенф во прав
- 1 супена лажица масло од чичок
Начин на подготовка и употреба
Изматете ја жолчката, додадете го медот и сенфот, а на крај исипете малку од маслото од чичок и добро измешајте ги сите состојки заедно. Доколку смесата е погуста, може да додадете малку вода за нејзино разредување.
Добиената маска се распоредува по целата должина на сувата коса и се остава да дејствува 15 минути, а потоа исплакнете со топла вода.