Секоја жена мечтае за здрава и густа коса. Нејзината состојба влијае од многу фактори, како изложеноста на сончевите зраци, стресот, козметичките третмани, кои ја прават кршлива и склона кон косопад.

За оваа цел, денес ви претставуваме одлично природно решение, благодарение на кое ќе ја зашитите и зајакнете вашата коса. Станува збор за домашна маска од сенф, а еве како лесно да ја приготвите.

Домашна маска за цврста и густа коса

Потребни состојки

  • 1 жолчка
  • 1 кафена лажица течен мед
  • Половина супена лажица сенф во прав
  • 1 супена лажица масло од чичок

Начин на подготовка и употреба

Изматете ја жолчката, додадете ги медот и сенфот, добро измешајте ги состојките. Следно, додадете го и маслото од чичок и повторно добро измешајте ја смесата. Доколку е премногу густа, може да додадете малку вода.

Нанесете ја добиената маска по целата должина на вашата сува коса и оставете ја да дејствува 15 минути, а потоа исплакнете ја главата со топла вода.

Зошто оваа маска е ефикасна?

Сенфот го стимулира протокот на крв и ја подобрува потхранетоста на фоликулите на влакната, што придонесува за активен раст на косата. Воедно, ефикасно го елиминира првутот и успешно се бори против мрсната коса.

Медот ја прави косата погуста, ја зајакнува и потхранува, во смирува скалпот, ја обновува косата по бојадисувањето и ја прави блескава.

Жолчката ја зацврстува и обновува косата, ја зголемува нејзината еластичност, ефикасно го спречува косопадот, го стимулира растот и пријатно влијае врз скалпот.

Маслото од чичок ја прави косата силна и блескава, успешно го запира косопадот, го активира растењето и ја спречува појавата на несакан првут.