Ќотфтиња од компир – Рендани, брзи и лесни – Меки одвнатре, крцкави однадвор, кој може да им одолее?
Ќофтињата од компир се едно од најомилените јадења и на најмалите и на возрасните. Денес ви предлагаме да ги приготвите на најбрзиот начин, без да ги варите компирите.
Ќофтиња од компир
Ќофтињата од компир се едно од најомилените јадења и на најмалите и на возрасните. Денес ви предлагаме да ги приготвите на најбрзиот начин, без да ги варите компирите.
Servings: 4
Ingredients
- 4 средно големи ќофтиња
- 100 гр сирење
- 1 јајце
- 3 страка свеж кромид
- По вкус магдонос
- По вкус сол и мелен црн пипер
- 1-2 чешниња лук
Instructions
- Ситно изрендајте ги излупените компири и притоа од истите, добро исцедете ја течноста. Додадете ги јајцето, исеченото сирење, ситно исечениот кромид и магдонос.
- Зачинете ја смесата со сол, мелен црн пипер и сомелен лук. Добро измешајте ги сите состојки заедно.
- Додадете масло за готвење во тава и истата поставете ја на силен оган. Земајте од смесата со раце и формирајте ги ќофтињата едно по едно, а потоа додадете ги во врелото масло.
- Намалете го оганот на половина, за да се испржат добро ќофтињата и да не останат суви одвнатре. При пржењето, нежно притискајте ги за да добијат потенка форма.
- Кога ќе се испржат од едната страна, тогаш свртете ги и од другата, до добивање на златна крцкава кора.