Кралицата Летиција со величествена модна комбинаца- Фустан со дизајн на смокинг, во бојата за 2020-та
Шпанската кралица Летиција е жена на која едноставно никој не може да остане рамнодушен, бидејќи таа едноставно плени со нејзиниот женствен изглед и извонреден моден вкус.
Неодамна, при еден јавен настан, таа се појави во придружба на нејзиниот сопруг, шпанскиот крал Фелипе и притоа ги освои модните критичари со уникатното модно издание.
Шармантната кралица беше облечена во фустан кој со неговиот дизајн наликуваше на смокинг, а притоа беше во класична сина боја, која е прогласена за боја на 2020-та година!