Кратки приказни со подобар пресврт од филмовите кои освоија Оскар
Во филмската литература има околу 10 типа на заплет. Но реалните приказни можат да имаат безброј неочекувани завршетоци. Дури и ако ситуацијата е едноставна, како рок концерт или набавка на автомобил, сепак постои можност таа да заврши на изненадувачки начин.
Пресврти ве очекуваат насекаде, а овие кратки приказни ќе ве натераат да верувате во тоа.
- Итно требаше да стигнам до банка и повикав такси. Седнав во автомобилот и заповедав: „Оди во банка и побрзај!“ Кога пристигнавме, му дадов пари на возачот и тој ми рече: „Госпоѓо, јас не сум таксист. Влеговте во мојот автомобил толку насилно што се исплашив и само возев “.
- Кога имав 10 години со помош на гума за пливање испливав толку далеку во морето што крајбрежјето едвај се гледаше. Почнав да пливам назад, и по некое време почувствував притисок на грбот. Бев навистина исплашен, се свртев и до мене имаше ДЕЛФИН. Ме „истурка“ до крајбрежјето и исплива замавнувајќи со опашката.
- Сопругата на еден пријател е многу слаба со ориентација во градот иако живее тука цел живот. Таа секогаш му се јавува и го замолува да ѝ објасни како да дојде до ова или она место, дури и ако веќе била таму. Останав без зборови кога дознав што работи. Девојката е картограф – прави мапи на нашиот град веќе неколку години.
- Навистина треба да си легенда за ова. Замисли работите во иста канцеларија со шефот, но наместо да работите си играте видео игри и наеднаш се наоѓате на дуел во истата игра и треба да играте еден против друг.
- Еднаш, бев на рок концерт на позната рок група. Сè беше одлично до моментот кога ја фатив палицата што ја фрли тапанарот. Тогаш еден човек што стоеше до мене се обиде да ми ја одземе. Бев подготвен на сè, но не и да ме гризнат! Сè уште сум во шок.
- Јас работам во продавница за автомобили. Еден млад пар купи автомобил и јас ги испратив од портата и им дадов неколку упатства. И одеднаш тие рекоа: „Ве молиме, не оставајте не, ние не знаеме да возиме“.
- Се разбудив ноќе затоа што некој морничаво шепотеше во близина. Мојот сопруг мирно спиеше. Го испаничив и го разбудив, но тој не можеше да слушне ништо. Ја пребарав целата соба и на крајот излезе дека сум заспала со вклучена аудио книга. Слушалките беа покрај мојата перница, па само јас ги слушав звуците.