Краткото не е само за мажите: 20 секси и ултра-женствени фризури со шишки, наменети за кратка коса
Косата е еден од најважните атрибути кај жените, а за многумина, долгата коса е поим за вистинска убавина т.е должината ја сметаат за еквивалент на женственоста. Но, тој стереотип веќе некое време сериозно е загорозен.
А тоа се должи на фактот што современите и самоуверени дами не се плашат да експериментираат со нивниот изглед и сè почесто можеме да забележиме како го истакнуваат својот сексапил преку кратката коса.
Тој тренд веќе го обожаваат славните ѕвезди, кои пак набрзо ги инспирираа дамите ширум светот да ја покажат својата храброст на еден многу елегантен и отмен начин.
Во продолжение следуваат 20 неверојатно секси и ултра-женствени фризури со шишки, наменети за кратката коса и фризури кои можеби ќе ве поттикнат да си закажете термин во фризерскиот салон.