Француските готвачи сметаат дека оној кој никогаш не пробал крем бруле, загубил половина од својот живот. Овој француски десерт го има освоено срцето на милион луѓе ширум светот поради неговиот уникатен вкус.

Крем бруле - Во ресторан ќе ви го наплатат скапо, а еве како евтино и подеднакво вкусно да го подготвите дома

Француските готвачи сметаат дека оној кој никогаш не
пробал крем бруле, загубил половина од својот живот. Овој француски десерт го
има освоено срцето на милион луѓе ширум светот поради неговиот уникатен вкус.
Total Time50 minutes
Course: Dessert
Cuisine: French
Клучни зборови: крем бруле
Servings: 4

Ingredients

  • 960 мл слатка павлака
  • 200 гр шеќер
  • 6 жолчки
  • 1 кафена лажица екстракт од ванила

Instructions

  • Поставете го тенџерето со павлаката и екстрактот од
    ванила на оган, но смесата не треба да биде доведена до точка на вриење.
  • Во одделен сад, измешајте ги жолчките и половина од
    шеќерот. Добиената смеса постепено излејте ја во претходната смеса со врелиот
    крем и постепено мешајте.
  • Во голем сад поставете ги калапите за крем бруле. Исипете
    врела вода во големиот сад, така што водата ќе ја достигне половината на
    калапите.
  • Исипете ја кремастата смеса во малите калапи и поставете
    ги да се печат во претходно загреана рерна на температура од 165°C, за 45-50 минути.
  • Извадете ги калапите од рерна и оставете ги истите да се
    изладат на собна температура, а потоа покријте ги со пластичен капак и оставете
    ги да се ладат 2 часа во ладилникот.
  • Извадете го крем брулето од ладилникот и оставете го
    десертот да отстои 30 минути на собна температура. Нанесете од преостанатиот
    шеќер врз површината на секој од десертите.
  • Со бренер растопете го шеќерот, до образување на крцкава
    кора. Доколку немате бренер, без грижи, поставете го крем брулето во рерната на
    најгорната полица, под максимална температура 5-7 минути, за да шеќерот се
    претвори во карамела.