Крем-колач без брашно и гриз: Само со кисело млеко и 4 јајца и ќе уживате во вкус без да се грижите за килограмите
Ако сте на диета или едноставно се ограничувате да консумирате десерти поради калориите, тогаш денес ви откриваме совршен рецепт за супер нежен крем-колач, за кој нема да ви биде потребно ниту брашно ни гриз, а благодарение на неговата структура, ќе може да уживате без да се грижите за килограмите!
Крем-колач

Servings: 4
Ingredients
- 400 гр кисело млеко
- 4 јајца
- 50 гр нишесте
- 1 кафена лажица пециво
- 100 гр шеќер
- 1 кора од лимон
- По вкус шеќер во прав
Instructions
- Прво поделете ги јајцата на жолчки и белки.
- Следно исипете го шеќерот во жолчките и измешајте со маталка.
- Во добиената смеса исипете го киселото млеко, додадете ги нишестето и изренданата кора од лимон и добро измешајте ги состојките. Сега изматете ги и белките, до добивање пена.
- Добиената пена исипете ја во смесата со кисело млеко.
- Замесете го тестото со маталка. Во соодветен сад, поставете хартија за печење, а врз истата исипете го тестото.
- Загрејте ја рерната на 170°C и поставете го десертот да се пече 45 минути.
- На крај, врз готовиот десерт додадете одозгора шеќер во прав.