Кремаста торта со кисело млеко, без брашно – Нежен вкус кој ќе ве однесе на врвот!
Исклучително лесна и брза за подготовка, кремастата торта која денес ви ја претставуваме има толку нежен и прекрасен вкус, на кој ретко кој може да одолее. Со само 7 едноставни состојки, погледнете како може уште денес ја приготвите.
Кремаста торта со кисело млеко, без брашно
Исклучително лесна и брза за подготовка, кремастата торта која денес ви ја претставуваме има толку нежен и прекрасен вкус, на кој ретко кој може да одолее. Со само 7 едноставни состојки, погледнете како може уште денес ја приготвите.
Servings: 4
Ingredients
- 400 гр кисело млеко
- 4 јајца
- 100 гр шеќер
- 50 гр нишесте (пченкарен скроб)
- 1 кафена лажица пециво
- 1-2 кафени лажици изрендана кора од лимон
Instructions
- Одделете ги белките од жолчките. Потоа изматете ги жолчките со шеќерот до добивање густа и светла смеса. Кон истите додадете ги киселото млеко, нишестето измешано со пецивото и добро измешајте ги сите состојки заедно.
- На крај додадете ја изренданата кора од лимон. Сега добро изматете ги белките и потоа додадете ги кон претходно добиената смеса. Поставете хартија за печење во сад со дијаметар од 20 цм и загрејте ја рерната на 170°C.
- Исипете го тестото во садот, измазнете одозгора и поставете го колачот да се пече 40-45 минути. Пред да сервирате, оставете го колачот да се излади на 1 час.