Крцкав диетален десерт без грам брашно и шеќер- Максимум задоволство во минимум калории
Денес ви претставуваме диетален десерт, кој може да се нарече за совршенство во светот на нискокалоричните пецива, бидејќи за неговото приготвување не е потребно ниту брашно, ни шеќер.
Крцкав диетален колач без брашно и шеќер
Потребни состојки
- 200 гр овесни снегулки
- 200 гр нискомаслена урда
- 1 јајце
- 250 мл кисело млеко
- 50 гр суви сини сливи
- 50 гр суво грозје
- 50 гр суви кајсии
- Половина кафена лажица сода бикарбона
- 1 супена лажица 9% оцет
Начин на подготовка
1. Сето суво овошје треба да биде добро измиено и исечено на коцки.
2. Земете сад, во кој ќе го приготвите тестото за десертот: Во истиот додадете ги освесните снегулки, налејте го врз нив киселото млеко и додадете ја и урдата во садот, притоа претходно обработете ја со вилушка.
Во садот додадете го и јајцето. Измешајте ги содата со оцетот, а потоа истите додадете ги кон претходните состојки. Сега внимателно измешајте ги сите состојки и оставете ја смесата да отстои 20 минути.
3. По 20 минути, допирнете ги овесните снегулки, доколку омекнале, во садот додадете ги и сушените плодови.
4. Дното и ѕидовите на садот за печење покријте ги со хартија за печење.
5. Додадете го тестото во садот, рамномерно распоредете го истото за да добие еднаква форма.
6. Загрејте ја рерната на температура од 180°C и поставете го колачот да се пече 30 минути.
7. Оставете го колачот целосно да се излади, во текот на ноќта, бидејќи на овесниот десерт ќе му биде потребно повеќе време за да се излади и да го добие својот моќен вкус.
Пријатен апетит!