Куглоф со какао и кисело млеко – Брз десерт и за делник и за празник, со раскошен сладок вкус
Недоливиот мек куглоф од какао и со неверојатна арома е најдобриот сладок избор со првото утринско кафе. Се приготвува многу брзо, со состојки кои се лесно достапни, а потребно е само да ги измешајте заедно!
Куглоф со какао и кисело млеко
Недоливиот мек куглоф од какао и со неверојатна арома енајдобриот сладок избор со првото утринско кафе. Се приготвува многу брзо, со состојкикои се лесно достапни, а потребно е само да ги измешајте заедно!
Servings: 4
Ingredients
- 5 јајца
- 400 гр кисело млеко
- 1 кафена лажица сода бикарбона
- 4 кафени шолји брашно
- 1 кафена шолја шеќер
- 2 супени лажици шеќер во прав
- 1 пакетче пециво
- 1 пакетче ванила
- Половина кафена шолја масло за готвење
- 2 супени лажици какао
Instructions
- Во длабок сад, добро изматете ги јајцата, а потоадодадете го шеќерот и повторно добро изматете, за да може шеќерот да сераствори. Во киселото млеко растворете ја содата и додадете ги кон претходнатасмеса.
- Добро измешајте ги состојките и додадете го и маслото заготвење. Следно, додадете ја ванилата и постепено започнете и со додавање набрашното измешано со пецивото, додека непрекинато мешате.
- Мешајте до добивање на соединета смеса, без грутки.Исипете ја смесата во соодветен сад за куглоф, претходно премачкан со масло заготвење и нанесено брашно. Прво исипете ја половината од смесата, а воостанатата половина добро измешајте го какаото и добиената чоколадна смесаисипете ја одозгора.
- По желба, може да измешајте со дрвено стапче, за да сеформираат прекрасни шари. Печете го колачот на 180-190°C, до негово целосно приготвување.