Кулинарска реконструкција: Портрет на Да Винчи изработен од италијанска храна
Вистинска магија се случува кога одеднаш ќе се спојат многу креативни светови, како што за ремек-дело се споиле светот на уметноста и кулинарството.
Во чест на славниот италијански уметник Леонардо Да Винчи и по повод одбележувањето на 500 години од неговата смрт, овој месец, ланецот на ресторани „Бела Италија“, одлучи на свој начин да му оддаде чест на уметникот, славејќи го неговиот живот и дело, при што со една многу оригинална идеја го вклучи Да Винчи во своето мени.
Кулинарските професионалци изработија портрет на легендарниот уметник со помош на нивната традиционална италијанска храна.
Па така, капутот и капата се изработени од специјални италијански лебови, очите од моцарела и маслинки, за лицето се користени пилешки гради и тестенините фетучини за лицето и носот, додека пак, дури 2 видови на шпагети биле вклучени во изработката на брадата.
„Бев воодушевен кога Бела Италија ме побараа за овој предизвик. Широката палета на вкусни и свежи состојки беа совршен материјал да си поиграм со текстурите и да го реконструирам Да Винчи“- вели експертот за храна, Карл Ворнер, кој го предводеше уметничко-кулинарскиот проект.