Куркума како одличен мелем за кожата
Куркумата потекнува од Индија и од древни времиња луѓето го користеле овој корен во своите јадења, но и како природно лековито средство за секакви потреби.
Богата е со витамини B6, B3, фолна киселина, калиум, железо, манган, а се смета и за добар извор на влакна. Поволно и благотворно делува кај Алцхајмеровата болест, а најдобри резултати постигнува кај ревматските заболувања.
Многу луѓе имаат тенденција да користат сол, за да се намали болката при изгореници, инфицирани рани, чиреви на кожата, болести на непцата, инфекции на очите, акни и модринки. Наместо да се користи сол, треба да се подготви смеса со куркума и бадемово масло и потоа да ја нанесете пастата врз болните места. Тоа ќе ја олесни болката многу побрзо отколку солта.