Лек стар 3.500 години, чијашто главна состојка се споменува и над 1.000 пати во Библијата
Маслиновото дрво во Библијата се споменува над 1.000 пати, но за жал е заборавено од страна на луѓето колку корисно може да биде. Стеблото и лисјата на оваа дрво се прилично лековити.
Олеуропеинот е најзначајната состојка во лисјата од мласлиновото дрво и има антибактериски својства. Маслиновите лисја се одлични за болести добиени од микроби. Помага при грип, мененгитис, воспаление на белите дробови, гонореја, чир на желудник, херпес и слично. Овие лисја ги спречуваат и инфекциите настанати од габи.
Земете 15 до 20 исушени маслинови лисја. Потоа додадете ги лисјата во 200 или пак 300 милилитри зовриена вода и вратете ги на огнот уште 2-3 минути. Потоа тргнете ги од огнот и оставете ги да отстојат 10 минути. Потоа процедете.
Консумирајте го чајот ладен или топол, со мед, лимон или пак таков каков што е. За да има ефект потребно е да го пиете секој ден. Препорачливо е да се консумира и како превентивно средство од горе наведените болести.
Лисјата од маслиново дрво најдобро е да ги берете во пролетниот период, а потоа да ги оставите да се исушат на воздух. Потоа складирајте ги во тегла и ставете ги на место каде што ќе немаат допир со сончевата светлина.