Правилното функционирање на срцето е од голема важност, бидејќи од него зависи целото здравје на човекот.

Бројни болести кои се често застапени денес се јавуваат токму како резултат на нарушената функција на кардиоваскуларниот систем, при што токму поради оваа причина потребно е да обратиме огромно внимание на нашето срце.

Токму тоа отсекогаш го правела калуѓерката Хилдегард фон Бинген. Уште во 13-то век, односно во времето кога живеела, таа создала неверојатен рецепт и така го создала чудесниот лек за срцето, кој и денес е многу актуелен и им помага на многу луѓе ширум светот.

Во продолжение прочитајте како можете истиот да го подготвите во домашни услови.

Рецепт за манастирски лек за срце, стар 800 години

Потребни состојки

  • 10 свежи стебла магдонос (но без корен)
  • 1 л домашно вино (црвено или бело)
  • 2 супени лажици чист вински оцет
  • 300 гр пчелин мед

Начин на подготовка

Додадете ги свежите стебла магдонос во тенџере, а потоа врз истите полејте домашно вино. Следно, додадете ги двете супени лажици вински оцет и така поставете ги сите состојки заедно да се варат во времетраење од 10 минути.

Потоа додадете го и медот и варете уште дополнителни 4 минути.

Прецедете ја добиената смеса, односно тоа треба да го направите додека истата сè уште е топла. Складирајте ја смесата во шише, кое претходно сте го дезинфицирале со посилен алкохол.

Се препорачува од лекот да се консумира по 1 чаша секоја вечер пред спиење, а истиот значително ќе ги зајакне и обнови крвните садови, ќе го подобри здравјето на срцето и ќе го зајакне имунитетот.