Овој домашен рецепт е одличен за коските, особено доколку имате болки во колената. Состојките се вообичаени за секое домаќинство и ќе си го приготвите на лесен, брз и евтин начин.

Состојки:

  • 10 лажици ленено семе
  • 5 лажици мелен интегрален сусам
  • 50г семки од тиква
  • 50г семки од сончоглед
  • 50г пченица во зрно
  • 3 лажици суво грозје
  • 1кг ливадски мед

Подготовка:

Во поголем сад помешајте ги сите состојки. Кога сè убаво ќе се соедини, претурете во стаклена тегла. Земајте по една супена лажица од смесата пред појадок и пред ручек.