Лекарите отстранија бенка на оваа девојка и сè изгледаше во ред, а потоа една мигрена го смени нејзиниот живот
Пред 3 години, Мекен Картер доби дијагноза дека има меланом, а по направената операција, бенката од нејзиниот грб беше успешно отстранета, а девојката беше конечно среќна.
Но, следната година, Мекен започнала да има симптоми на грип и мигрена, кои продолжиле да траат цел месец, а откако отишла на лекар, ја добила најстрашната дијагноза.
На девојката й биле откриени дури 5 тумори на мозокот. Но, ситуацијата всушност била уште полоша. Откако било направено целосно скенирање на нејзиното тело, било откриено дека ракот се распространил и во нејзините бели дробови, црниот дроб и самите коски.
Иако Картер започнала со хемотерапија уште веднаш, ситуацијата воопшто не се подобрувала. Еден од туморите започнал да крвари, а по 6 месеци интензивно лекување, лекарите не постигнале никаков напредок.
Девојката започнала да се подготвува за најлошото.
„Тогаш за првпат сфатив дека можам да умрам. Можеби звучи чудно, но и покрај страшната дијагноза, јас ниту еднаш не помислив дека мојот живот може да заврши. “- вели Мекен.
Последната шанса да се спаси животот на девојката бил третман со реплицирани лимфоцити, кои се значително поотопорни на агресивните тумори.
„Благодарение на мојата состојба станав посилна и похрабра, но воедно и потрпелива личност. И ја разбрав вистинската суштина на страдањето.“- додава Мекен.