Лекарите во минатото го користеле хороскопот за да им постават дијагноза на пациентите
Во средовековна Европа „истекувањето на заразена крв“ се сметало за еден од најефикасните методи на лекување. Лекарите верувале дека нема да се спречи некоја болест освен ако не се користи мал нож, сега познат како ланцета. Имате сипаници? Нема проблем. Епилепсија? Лесна работа. Настинка? Веднаш ќе Ви помине. Но, има една финта.
Пред да се оперира пациентот, лекарите требало да се советуваат со ѕвездите. Успехот на целата процедура зависел од тоа. Основен принцип во средновековната медицина беше врската помеѓу астрологијата и човечката анатомија. Идејата, која се појавува во древната вавилонска митологија е дека човечкото тело е поделено на одредени делови, управувани од различни Хороскопски знаци.
Месечината лежи во центарот на целата теорија. Нејзината позиција кон одредено соѕвездие определувала кој хороскопски знак е активен. Овенот пример, се раководи од главата и очите, Бикот од вратот, рамената, грлото и ушите, Лав од срцето, ‘рбетот, слезината и така натаму.
Кога Хороскопски знак е активен, се сметало за опасно да се врши операција на овој дел од телото. На пример операција на вратот за време на знакот Бик, значело сигурна смрт. Токму поради овие опасности, средновековните лекари требало да внимаваат на ѕвездите, а за да го сторат тоа, тие се консултирале со лунарниот календар. Доколку редовно пратите што ви подготвуваат ѕвездите и сакате да ја имате апликацијата со најдеталниот дневен хороскоп во Македонија можете да ја симнете тука.
Откако го одредувале активниот Хороскопски знак лекарите се обраќале кон „Хороскопски човек“. Тоа претставувало цртеж на човечкото тело поделено на 12 делови – за соодветните Хороскопски знаци. Тоа им помагало да разберат на кој дел од телото е опасно да се оперира и во кои месеци. Односно пред да извршат било каква постапка или операција тие се потпирале на „Хороскопскиот човек“ да им каже кој дел од телото може да се оперира а кој не.
За прв пат „Хороскопски човек“ е прикажан во Fasciculus medicinae – позната медицинска книга. Нејзината популарност била толку голема што само по 18 месеци таа морала да биде повторно објавена неколку пати. Подоцна се појавиле книги во Сарагоса – во 1494 година, Памплона во 1495 година, Севилја во 1517 и Венеција во 1495, 1500, 1501, 1508, 1514 и други. Секое издание на Fasciculus medicinae вклучувало варијации на оригиналната илустрација на „Хороскопски човек“ кои со времето станувале сè поточни и прецизни.
Билките исто така биле поврзани со хороскопски знаци и биле собирани во текот на одреден временски период. Месечината помагала и за дијагностицирање на пациентите. Болестите се распределувале во зависност од распоредот на Месечината и планетите.