Лекарка објаснува зошто би требало да седите на тоалетната школка во јавен тоалет
Повеќето жени ги користат јавните тоалети само во краен план, бидејќи истите се претежно валкани и речиси никогаш немаат тоалетна хартија. Сепак, понекогаш јавните тоалети се единствената опција во одредена ситуација.
Додека некои жени имаат навика, површината на тоалетната школка, пред употреба на истата, да ја обложат со три слоја тоалетна хартија, други се обидуваат да ја извршат својата потреба, во неприродна положба на телото.
Доколку ја прашате лекарката Прети Даниел, и двата начина не се во ред.
Поточно, таа тврди дека сексуално преносливите болести можат да се пренесат единствено со директно навлегување на даската од тоалетната школка во гениталиите или преку отворена рана на ногата или задникот.
„Поголеми се шансите да бидете погодени од гром додека отколку да соберете сексуално пренослива болест во јавен тоалет, па затоа не грижете се.“- се шегува лекарката.
Таа додаде дека единствените болести што можат да се пренесат во јавниот тоалет се ешерихија коли и салмонела. Таа, исто така, истакна дека жените ја извршуваат својата физиолошка потреба, додека се клекнати во неприродна положба, не го испразнуваат целосно мочниот меур до крај и на тој начин, многу лесно може да се здобијат со уринарна инфекција, додека пак, оние кои даската ја обвиткуваат со три слоја тоалетна хартија, претежно допринесуваат до затнување на тоалетот.
Конечно, д-р Даниел советува да се опуштите при одењето во јавен тоалет, а потоа задол