Лекарка открива зошто не треба да се капеме во море кога врне дожд
Иако повеќето добиваат чувство на возбуда да се капат во море кога врне дожд, сметајќи го за вистинска авантура, сепак тоа не е паметна идеја.
Според анализата, изработувана во период од 4 години, оцената на морската вода е исклучтелно лоша и таквото капење не треба да биде дозволено.
„Тоа се должи на фактот што при паѓањето на дожд, се намалува квалитетот на морската вода, бидејќи во океаните, дури и да нема нерегуларни влијанија, се крева нивото на тињата. Истовремено, ризикот од громови при таква ситуација е исклучително голем.“- вели Д-р. Божилова.
Според истата, задолжителна обврска на концесионерите на плажите е во таков период да истакнат забрана за влегување во морето, додека пак, самите плажи би можеле да продолжат да се користат.
Според лекарката, доколку не постои забрана, пливањето би било на сопствена одговорност, но повторува дека воопшто не е добра идеја да се плива, бидејќи водата при паѓање на дожд може да биде навистина опасна.