8 тешки лекции кои мора да ги научите, ако сакате да (пре)живеете во Лондон
Главниот град на Англија, притоа и најголемиот во Обединето Кралство, секоја година привлекува милиони туристи кои се воодушевени од неговиот спој на кралски традицонален и урбан модерен живот.
А еве што сè треба да знаете однпаред, доколку планирате да го преселите вашиот живот во британската метропола:
1. Ќе ја откриете вашата храбра и помалку агресивна страна, а тоа нема да биде бајковито
Во Лондон, секогаш ќе бидете во гужва и секогаш ќе се брзате, но некои пак, воопшто нема да имаат потреба од брзање, па затоа ќе мора да се туркате и да го повишите тонот на вашиот глас. Едноставно, ќе имате милион можности да ги превртите очите!
2. Секогаш ќе ви недостигаат пари
Лондон можеби е величествен, но тамошните граѓани ќе се согласат дека тој е и изнудувачки. Можеби нема секогаш да сте финансиски спремни, а колку и да штедите, секогаш ќе ви недостигаат пари. Но, со текот на времето, ќе се навикнете. Такси, пица достава, излегување со пријателите, сепак мора и да се живее!
3. 80% од платата ќе ви биде за кирија
Уште една реална ситуација, на која за жал, ќе мора да се навикнете, ако планирате да живеете во Лондон.
4. 94% од времето ќе го потрошите патувајќи
Во Лондон постои пишано правило кое гласи: „Каде и да сте тргнале, ќе ви требаат едноставни 30 минути“, а оние кои веќе живеат таму, се водат според непишаното и реално правило: Автобусите ќе доцнат, луѓето ќе се движат премногу бавно на семафорите и така, слободно заборавите на тој половина час и барем уживајте во долгите патувања.
5. Ќе станете алкохоличар или барем приближно на тоа
Кога станува збор за алкохолот, во Лондон не постојат правила, а очигледно ниту граници. Заборавете на Петокот, таму на луѓето викендот им почнува од Четврток, но можете да пиете уште од Вторник, но и алкхолот не спаѓа во евтините работи.
6. И кога лоши работи ќе се случат, не заборавајте да останете позитивни
„Лондон ќе го среди тоа!“- вака велат тамошните жители, кои се расположени секогаш за забава и покрај тоа што е облачно и врне дожд поголемиот дел од времето.
Ви го скршиле срцето, сте добиле отказ, не знаете што со животот, без грижи, Лондон ќе го среди тоа.
7. Ако живеете убаво во Лондон, не го покажувајте тоа пред жителите од останатите градови, бидејќи нема да им се допадне
Но, без грижи, барем тоа ќе им се допадне на оние кои исто така живеат во Лондон!
8. Моментите кога ќе го чекате возот да пристинге, ќе ви изгледаат како цела вечност!
Возовите во Лондон се брзи, но кога еднаш ќе се навикнете на исто така брзиот лондонски живот, и чекањето од 3 минути, ќе ви изгледа како цела вечност!