Лековити зимски чаеви што ќе ви ја стоплат душата- сте ги пробале ли?
Нема ништо поубаво од шоља топол чај со лимон и мед во студените зимски денови, со секоја голтка ни се стоплува душата и сме побогати со неопходни витамини.
Чај од цимет
Чајот од цимет помага кај дури шест различни здравствени проблеми, а сигурно секој од нас го има овој лековит зачин во својата кујна. Циметот содржи антиоксидантни полифеноли, кои ги спречуваат слободните радикали да ги оштетат клетките и да предизвикаат болести какви што се дијабетес, рак и срцеви заболувања. Исто така, го забавува разложувањето на јаглехидратите за да не се зголеми нивото на шеќерот во крвта по оброкот. Чајот од цимет се подготвува така што една лажичка мелен цимет се става во шолја (250 мл.) зовриена вода и се меша.
Чај од ѓумбир
Ѓумбирот е светол корен со горчлив вкус кој содржи низа хранливи состојки. Често се конзумира како чај, во кој може да се додаде мед или лимон, а сето тоа за подобрување на вкусот. Предностите на чајот од ѓумбир се бројни и се користи за ублажување и лечење низа состојби, помага при ублажување на мачнини во стомакот, ја подобрува циркулацијата, го зајакнува имунолошкиот систем, ги олеснува менструалните тегоби, го намалува нивото на стрес и ја подобрува работата на системот за варење. Излупете го ѓумбирот и изрендајте го, оставете водата да зоврие, потоа во неа ставете ѓумбир и оставете да отстои 10 минути. Исцедете и испијте го.
Чај од куркума
Куркумата се користела уште пред 2.000 години во ајурведската медицина. Тогаш било откриено нејзиното тераписко дејство врз низа патолошки состојби како што се заболувањето на кожата, белите дробови и органите за варење. Богата е со витамини B6, B3, фолна киселина, калиум, железо, манган, а се смета и за добар извор на влакна. Чај од куркума се подготвува така што 1 лажичка рендана куркума ќе прелиете со 500 мл. зовриена вода и ќе ја оставете кратко да врие, по желба додавате мед или друг вид засладувач. Не се препорачува повеќе од 4 лажици куркума дневно.