Подгответе ги најсовршените домашни лепињи на следниот неверојатно лесен начин, кој ќе ви одземе сосема малку време, а за кратко ќе се насладувате на меки и неодоливи резултати!

Лепињи готови за 15 минути

Подгответе ги најсовршените домашни лепињи на следниот неверојатно лесен начин, кој ќе ви одземе сосема малку време, а за кратко ќе се насладувате на меки и неодоливи резултати!
Total Time30 minutes
Course: закуска
Cuisine: Турска
Клучни зборови: леб, лепињи
Servings: 4

Ingredients

  • 400 гр пченично брашно
  • 250 мл кисело млеко
  • По вкус сол
  • 1 кафена лажица сода бикарбона

Instructions

  • Пресејте го брашното со сол и сода.
  • Замесете меко тесто. Во зависност од конзистенцијата на киселото млеко, може да се додаде малку помалку или малку повеќе од 250 грама. Главната задача е да се направи густо тесто.
  • За да го спречите лепењето на тестото по вашите прсти, претходно намачкајте ги со масло за готвење.
  • Поставете го тестото во ладилникот да отстои 10 минути.
  • Обликувајте го тестото во форма на мал колбас и поделете го на 5 дела. Од секое парче направете тенка кружна палачинка.
  • Прободете го лепчето со вилушка и добро загрејте јатавата.
  • На средна топлина, запржете ја секоја од лепињите и од двете нејзини страни, до добивање на кафеаво-златна боја. Кога ја пржите лепињата, може да ја премачкате со масло.