Лесен и ефикасен начин за чистење на тавата, со кој таа ќе блеска и по најтврдокорните дамки
Оние кои обожаваат да готват, знаат колку практичен сад за готвење е тавата, во која може да се приготват многу лесни и вкусни јадења. Но, сепак нејзиното чистење е чест проблем во домаќинството.
Бидејќи честото купување нова тава не е решението, денес ви откриваме како на најлесен и ефикасен начин да ја исчистите истата, дури и од најтврдокорните дамки, по што истата ќе блеска како нова.
Лесен метод за ефикасно чистење на тавата
Ќе ви биде потребно
- 2 супени лажици хидроген (водороден пероксид)
- Половина шолја сода бикарбона
- 1 кафена лажица средство за миење садови
Начин на подготовка и употреба
Неопходно е сите состојки добро да ги измешате, до добивање на соединета смеса со конзистенција која наликува на павлака. Доколку е потребно, додадете уште малку хидроген.
Следно, нанесете ја добиената смеса врз тавата и оставете ја да дејствува 10-15 минути. Потоа, земете тврд сунѓер или четка и започнете да ја триете површината, а на крај сето измијте го со вода. Вашата тава по овој метод ќе зблеска како нова!