Лесен напиток кој за краток временски период ги согорува наталожените масни наслаги околу стомакот
За денес ви откриваме еден сосема поинаков ефикасен начин на слабеење, без да мора да вложите труд, а притоа да ги добиете посакуваните резултати.
Станува збор за чудесна комбинација на пире од ананас и целер.
Природниот напиток ги согорува наталожените масни наслаги околу стомакот, за многу кратко време и брзо го ослободува телото од вишокот килограми, притоа го негува здравјето, благодарение на големото количество на витамини што ги содржи.
Важно е да се знае дека домашниот напиток треба да биде додаток кон вашата здрава исхрана или диетата што ја држите. Еве како истиот да го приготвите:
Природен напиток од целер и ананас
Потребни состојки
- 2 чаши вода
- Сок од половина лимон
- Стебло целер
- 2 чаши ананас
- 1 лажица мед
Начин на подготовка
- Од овие состојки може да приготвите две чаши пире. Потребно е едната да ја консумирате на празен стомак, а другата да ја вметнете во вашето дневно мени.
- Излупете и исечете го ананасот, додека да добиете 2 чаши ананас на коцки.
- Добро измијте го целерот и исечете го на мали парчиња, за да го олесните процесот на обработка. Исцедете го лимонот за да добиете сок од истиот.
- Додадете ги сите состојки во блендер и мешајте, додека да добиете една добро соединета смеса.
- Тоа е сè, веќе имате готов вкусен коктел! Не заборавајте едната чаша да ја испиете на празен стомак, а останатата со еден од вашите оброци.