Лесен трик како ефикасно да ги избелите вашите заби за 3 посветли нијанси, во домашни услови
Прекрасната насмевка е задолжителен детал од изгледот на секој, особено на луѓето кои секојдневно се во контакт со други луѓе, бизнис партнери, колеги, пријатели, бидејќи тоа влијае многу врз каков впечаток оставаме.
Покрај нивното здравје, важна е и нивната блескава боја, а токму за оваа цел денес ви откриваме како најлесно, во домашни услови, да ги избелите вашите заби со ефект кој ќе ви даде резултат со 3 пати посветла нијанса.
1. Сол и мед
Потребни состојки
- 1 кафена лажица сол
- 1 кафена лажица мед
Начин на подготовка и употреба
Добро измешајте ги овие две состојки заедно, а со добиената смеса третирајте ги вашите заби еднаш неделно.
2. Лимон и вода
Потребни состојки
- 1 лимон
- Вода
Начин на подготовка и употреба
Исцедете сок од 1 лимон и измешајте го со исто количество на вода. Потопете ја вашата четка во добиената смеса и на овој начин, нанесете ја на забите. Оваа процедура може да ја практикувате и наутро и навечер.