Лесна диета со лубеница со која може да симнете 5 кг за 5 дена – Без да гладувате до брзи резултати
Ако сакате да изгубите вишок килограм, тогаш исто така би било добро да знаете колку калории има храната што ја консумирате и дали истата е добар сојузник во борбата за слабеењето.
Калоричната вредност на лубеницата не е голема. На 100 грама, таа има околу 30 калории, а диетата од лубеница може да биде многу ефикасна за слабеење. Нејзиниот состав е 90% вода и може да се каже дека пиеме повеќе лубеница отколку што ја јадеме. Сепак, за разлика од водата, таа содржи многу растителни влакна и токму во тоа лежи нејзината тајна. Хралнивите влакна го исполнуваат местото во цревата исто како течноста и тоа значително го намалува вашиот апетит.
Консумирањето на лубеница помага во процесот на исфрлање на токсините, регулирање на нивото на натриум во организмот и исфрлање на вишокот вода од организмот.
Лесна и краткорочна диета со лубеница
За разлика од Аткинсовата диета или било која друга диетална програма, не постои специфична диета со лубеница, но ова е името на која било диета што ја вклучува лубеницата во своето дневно мени. Тоа е причината зошто има неколку видови на оваа диета.
Една од нив е и следната краткорочна диета со лубеница која трае пет дена и ви овозможува да изгубите пет килограми за тоа време. Според нутриционистите, краткорочните и брзи диети засновани на само една храна можат да ви помогнат да изгубите тежина брзо, но не и да постигнете трајни резултати. Сепак за трајни резултати неопходно е континуирана здрава исхрана и физичка активност.
Меѓутоа, ако имате малку време како на пример, пред да заминете на море и не ви треба многу до совршената линија, диетата со лубеница е одлична летна варијанта со која можете да го започнете животот со витка линија . Летото е идеално време да започнете диета затоа што ви се достапни најразлични видови на свежа храна.
Неделно мени за диета од лубеница од 5 дена
Прв ден:
- Појадок: 1 парче лубеница и 1 шолја кафе или чај
- Ручек: 150 гр говедско месо со 150 гр варен ориз. Засладете се со парче лубеница
- Вечера: 60 гр сирење, парче леб и парче лубеница
Втор ден:
- Појадок: 1 парче леб, 1 шолја кафе или чај и 1 парче лубеница
- Ручек: 100гр пилешко без кожа, 1 парче леб и 1 парче лубеница
- Вечера: 100 гр скара риба, 100 гр варен ориз и дури 2 парчиња лубеница.
Трет ден:
- Појадок: Како претходниот ден – парче леб, шолја кафе и парче лубеница
- Ручек: 50гр тестенини со сос од домати и 3 парчиња лубеница.
- Вечера: салата од свеж зеленчук и лубеница – колку што можете да јадете
Четврти ден:
- Појадок: 2 парчиња лубеница
- Ручек: супа од брокула (секоја супа од зеленчук е добар избор), парче леб и 2 парчиња лубеница.
- Вечера: 3 средно печени компири и 2 парчиња лубеница
Петти ден:
- Појадок: 3 парчиња лубеница
- Ручек: 150 гр говедско месо и неограничена количина лубеница
- Вечера: Парче интегрален леб, 60 гр сирење и 3 парчиња лубеница
Овој метод на исхрана драстично го намалува бројот на потрошени калории и не треба да се држи долг временски период. За време на држењето на диетата, прескокнете го вежбањето и рекреацијата затоа што веројатно ќе се чувствувате лошо, исцрпено и уморно. Ако забележите дека не ви се допаѓа овој начин на исхрана, запрете го веднаш и не чекајте до петтиот ден по секоја цена. Постојат неколку диети што можете да ги пробате. Можеби диетата со лубеница не е за вас.