Диетата воопшто не е сложена, ниту пак тешка за практикување. За две недели од нејзино строго држење и зголемување на физичката активност, ќе успеете да симнете до 4 килограми, во зависност од вашата тежина.

Бидејќи не секој има можност да посетува теретана, тогаш ви предлагаме повеќе да пешачите, трчате и да правите лесни вежби во домашни услови. Доволно ќе биде 30 минути физичка активност секој ден.

Во продолжение откријте го менито за едноставна и ефикасна диета.

7-дневно мени за симнување на 4 килограми, за 2 недели

Понеделник

  • Појадок: Шолја кафе или свежо цеден овошен сок
  • Ручек: 2 парчиња двопек со парче сирење
  • Вечера: Зелена салата со марула, краставици, измешани со оцет и 150 гр пилешко месо

Вторник

  • Појадок: Шолја кафе или свежо цеден овошен сок
  • Ручек: 2 парчиња двопек со 2 варени јајца
  • Вечера: Шопска салата и 200 гр бела печена риба

Среда

  • Појадок: Шолја кафе или свежо цеден овошен сок
  • Ручек: 2 парчиња двопек со 2 варени компири
  • Вечера: Зелена марула салата со печена риба и за десерт, половина овошен јогурт

Четврток

  • Појадок: Шолја кафе или свежо цеден овошен сок
  • Ручек: 2 парчиња двопек и салата од краставици со сирење
  • Вечера: Салата од црвено цвекло, лимон и изрендано јаболко и 200 гр пилешко месо

Петок

  • Појадок: Шолја кафе или свежо цеден овошен сок
  • Ручек: 2 парчиња двопек и салата по ваш избор
  • Вечера: Салата од излупени домати со сирење и босилек и парче печена риба

Сабота и Недела

Во Сабота и Недела може да ги комбинирате производите од целата недела. Во моментите кога ќе почувствувате глад, земете едно овошје и започнете со физичка активност, кога ќе ги сврти вашите мисли од гладот.

Ви посакуваме успех во овој процес на слабеење!