Лесна и брза домашна лутеница со ајвар
Понекогаш поради обврските немаме доволно време за да посветиме на зимницата. Но, доколку сакате домашна лутеница а немате време да ја приготвите по оригиналниот рецепт искористете го ајварот, кој ќе Ви помогне да ја остварите целта.
Состојки
- 5 тегли готов ајвар
- 3 модри патлиџани
- масло
Подготовка
Количината на ајвар и модри патлиџани можете да ја определите и по вкус. Ставете ги модрите патлиџани да се испечат во рерната, потоа излупете ги и исечете ги ситно или смелете ги. Во едно тенџере ставете го ајварот, додадете го патлиџанот и малку масло. Оставете смесата да се соедини 1 час и редовно промешувајте. Пред да завршите со готвењето, загрејте ги теглите во кои ќе ја истурите лутеницата во топла рерна, а потоа пренесете ја топлата лутеница во нив. Ставете ги тегли назад во исклучената рерна и оставете ги неколку часа.