Лесна ладна торта со бисквити и кисело млеко, која е толку мека и се топи во уста, што совршено го заменува сладоледот
Бисквитната торта, вкусна, премногу лесна за приготвување, со овошје и освежувачка, директно од ладилникот, зарем има некој што би одолеал на ова слатко летно задоволство?
За денес ви го откриваме совршениот рецепт за летна торта со бисквити и кисело млеко, во која нема чоколада и премногу шеќери, што ја прави одлична за консумирање дури и доколку сте на диета.
Бисквитна торта со кисело млеко и овошје
Потребни состојки
- 190 гр обични бисквити
- 10-12 бисквити со какао (Темните бисквити може да ги замените со обични, доколку не ги претпочитате истите)
За филот
- 500 гр кисело млеко со 3.6% масленост
- 3 супени лажици кисела павлака
- ¾ тегла слатко од малини или вашето омилено овошје
- 1 супена лажица шеќер во прав
За декорација
- Свежи плодови
- Листови мента
- Сомелени бисквити
Начин на подготовка
Најпрво подгответе го филот. Во еден сад, додадете го киселото млеко, киселата павлака, шеќерот во прав и слаткото од малини. Добро измешајте ги состојките до добивање на мазна текстура.
Во сад во кој планирате да го складирате десертот, поставете 8 бели бисквити и врз истите нанесете од филот. Потоа одзгора, наредете го вториот слој од бисквити, нанесете повторно од филот. Потоа по ваша желба, може да поставите и трет бисквитен ред и повторно фил врз истите, а тортата завршете ја со бели бисквити и фил одозгора.
По желба, меѓу редовите може да додадете свежо овошје, а истовремено тортата на крај декорирајте ја со истото и со малку скршени бисквити.
Складирајте ја тортата во ладилник и оставете да отстои во текот на целата ноќ.
Следното утро таа ќе биде доволно затегната и спремна за консумирање.
Пријатен апетит!