Лесна техника од 5 минути за брзо лекување на настинка и течење на нос
Во сезоната на грипот и настинките, корисно е да ги знаеме најефикасните домашни и природни средства за нивно брзо лекување. Токму вака е и денешната лековита техника што ја имаме подготовено за вас.
Со цел да брзо да ја излекувате настинката и да го спречите течењето на носот, масирајте ги следните клучни точки на вашето лице:
- Точка 1: Се наоѓа точно меѓу веѓите. Притиснете ја и задржете околу 1 минута.
- Точка 2: Овие точки се сместени во областа на слепоочницата. Притиснете ги истовремено.
- Точка 3: Две симетрично распоредени точки во основата на носот, близу до внатрешниот агол на очите. Масирајте ги истовремено.
- Точка 4: Симетрично распоредени точки на околу половина центиметар, странично од ноздрите.
Како се прави оваа масажа?
Неопходно е точки да ги притиснете со врвовите на вашите прсти и да задржите околу 1 минута, на секоја од нив. Притиснете силно, но не пресилно, да не предизвикате болка. Не е важно во која насока ќе ги правите движењата, поенатата е да се почувствува благ притисок врз точката.
Основанта цел на оваа масажа е да се подобри протокот на крвта во овие делови.