Лесни измени кои може да ги направите во исхраната за да бидете поздрави
Сите знаеме дека брзата храна е лоша за нашето тело и се обидуваме да ја избегнуваме, заменувајќи ја со домашно приготвена храна и многу зеленчук. Но секогаш има простор за подобрување. Компир, зелка, месо, ова се најчестите намирници во нашите кујни, но дали знаете дека постојат многу подобри и поздрави алтернативи?
Во продолжение ви претставуваме неколку лесни измени во исхраната кои значително ќе влијаат на вашиот дневен внес на потребните витамини и минерали и ќе придонесат за вашето целокупно здравје.
Карфиол наместо компир
Пире од карфиол има помалку калории од пире од компири, а овие 2 јадења на вкус се речиси исти. Карфиолот го задоволува гладот и не предизвикува чувство на тежина во стомакот, а се подготвува многу лесно, едноставно смачкајте го сварениот карфиол и посолете.
Спанаќ наместо зелка
Факт е дека спанаќот содржи 2 пати повеќе калиум, протеини, калциум, железо и витамини А, Б и C од било кој друг листест зеленчук. Исто така содржи многу влакна и минерали, вклучувајќи магнезиум и фосфор.
Мача наместо кафе
Речиси секој пие кафе, но многу малку луѓе знаат дека само 1 шоља содржи околу 95 мг кофеин. Прекумерната консумација на кофеин може да предизвика гадење, анксиозност и несоница.
Од друга страна мачата го доловува истиот ефект кој ни го дава кафето, но во поблага форма, а и содржи L-theainine, амино киселина која помага да се намали стресот. За жал, многу луѓе не знаат за овој здрав пијалок.
Пржен наут наместо чипс
Убаво е да се грицка чипс, но за жал не е добро за здравјето. Тогаш што да грицкаме? Ќе бидете изненадени кога ќе дознаете дека наут, пржен и зачинет со вашите омилени зачини има одличен вкус и е совршена замена за чипс. Оваа алтернатива е исто така богата со влакна и магнезиум, минерал кој е важен за контролирање на нивото на шеќер во крвта и функционирањето на нервниот систем.
Тофу наместо месо
Тофу е храна изработена од соја кoja е одличен извор на протеини и содржи есенцијални амино киселини. Ако сакате да се откажете од месо за некое време, овој соја производ може да стане одлична замена.
Патем, вкусот на тофу е “неутрален”, можете да го маринирате во вашиот омилен сос и да го добиете вкусот што го сакате.
Замрзнати банани наместо сладолед
Тешко е да се замисли лето без сладолед. Но, не е многу добро да се јаде многу сладолед бидејќи има многу калории и содржи многу шеќер. Замрзнати банани со природен засладувач се совршена алтернатива за жешките денови.
Авокадо наместо мајонез
Мајонезот, кој многу луѓе го користат во нивните јадења, обично се праваи од јајца, масло и киселина, како што е оцет. Но, мајонезот може да биде лош за здравјето бидејќи има многу заситени масти. Авокадото, исто така, содржи масти, но од сосема поинаков вид. Ова овошје е богато со здрави масти и хранливи материи и содржи околу 20 витамини и минерали.
Киноа наместо овес
И киноата и овесот се здрави и припаѓаат во избалансирана и здрава исхрана. Но, тие имаат неколку разлики: шоља киноа содржи 8 грама протеини, додека истата количина на овес содржи само 6 грама. Киноата, исто така, ги надминува овес во квалитетот на протеините и содржи повеќе влакна.