Медицинската диета е еден од најпопуларните режими за слабеење затоа што ветува дека ќе изгубирњ 2 до 5 килограми за пет дена, па дури и до 8-10 килограми по само 2-3 недели.

Предноста на оваа диета е тоа што нема да се чувствувате слаби или без енергија, затоа што ветува доволен внес на витамини и минерали. Исто така е доста практична за држење, а можеби и најважно, не бара скапа храна или додатоци во исхраната, при што не мора да трошите богатство на истата.

Самата диета е осмислена во 1950-тите години од кардиологот Херман Тарновер, за потребите на неговите пациенти, за зајакнување на нивното кардиовскуларно здравје, а денес е едно од најпопуларните решенија за губење на тежината.

Диетален план

Треба да се напомене дека диетата може да држи најмногу 3 пати по 5 дена или помали циклуси ако треба да изгубите помалку килограми. Ако сепак имате повеќе килограми за симнување, претходно мора да направите пауза од 15 дена.

Мени

Прв ден

  • Појадок: 1 портокал, 4 крекери, 1 шолја кафе или чај (без шеќер)
  • Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1/2 чаша јогурт
  • Вечера: 2 домати, 2 варени јајца, 1 краставица или 1/2 зелена салата

Втор ден

  • Појадок: 1 портокал, 4 крекери, 1 шолја кафе или чај без шеќер
  • Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1/2 чаша јогурт
  • Вечера: 1 плескавица (125 гр мелено месо), 1 портокал, 1 домат, 4 крекери, 1 шолја кафе или чај без шеќер

Трет ден

  • Појадок: 1 портокал, 4 крекери, 1 шолја кафе или чај без шеќер
  • Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1/2 чаша јогурт, 1 зелена салата или 2 краставици, пијалоци без шеќер
  • Вечера: 1 плескавица (125 гр мелено говедско месо), 1 портокал, 4 крекери, 1 шолја кафе или чај без шеќер, чорба од говедско месо

Четврти ден

  • Појадок: 1 портокал, 4 крекери, 1 шолја кафе или чај без шеќер
  • Ручек: 125 гр малку маснотии сирење, 1 домат, 4 крекери
  • Вечера: 1 плескавица (125 гр мелено говедско месо), 4 крекери, 2 домати, 1 јаболко

Петти ден

  • Појадок: 1 портокал, 4 крекери, 1 шолја кафе или чај без шеќер
  • Ручек: 200 гр варена риба или пилешко, 4 крекери, 1 домат
  • Вечера: 500 гр варен зеленчук, 1 варено јајце, 1 домат

Важно е да се напомене дека не смеете да ги менувате количините и распоредот на храна, затоа што само ако правилно го следите предложениот режим, ќе ги постигнете резултатите што ги ветува оваа диета.