Личен тренер се здебелил 30 кг и влегол во фаза на пред-дијабетес за да ѝ помогне на својата клиентка да ослабне, а ова се резултатите
Процесот на слабеење воопшто не е лесен ниту брз, па затоа на многу луѓе им е потребен водич и поддршка во текот на истиот. А овој личен тренер отишол чекор подалеку за да и помогне на својата клиентка и ова е резултатот!
Се започнало со емисијата “Fit to Fat to Fit“, емисија во која личните тренери вложувале голем напор што подобро да ги сфатат своите клиенти, нивните причини за здебелувањето, како и борбата со килограмите.
Кога личниот тренер Адонис Хил бил запрашан дали би се здебелил 30 килограми за некој друг т.е да му помогне на својот клиент, Адонис одговорил: “Ако тоа значи дека ќе им го спасам животот, секако дека да!”
Неговата клиентка Алиса се борела со вишокот килограми целиот нејзин живот. А кога се вклучила во овој телевизиски проект, тежела 130 килограми. Така, Адонис за 4 месеци се здебелил 30 килограми за да одговара на тежината на Алиса.
За да се здебели, Адонис јадел премногу брза храна, пиел газирани пијалоци и престанал да вежба.
Неговото здебелување дури му предизвикало некои здравствени проблеми, а докторите го прекинале овој процес, бидејќи на Адонис му била дијагностицирна фаза на пред-дијабетес и хипертензија.
Добрите вести се тоа што Адонис се вратил во нормала и веќе не зависи од лековите, а за неговата постапка вели дека воопшто не се кае.
Заедно со Алиса правеле секојдневно вежи, како кардио и тежински вежби, постојано трчале, се придржувале кон строга диета и на крај се избориле заедно против нездравите навики и вишокот килограми.
Во текот на нивната фитнес авантура, Алиса успеала да ослабне 25 килограми, а Адонис повторно се вратил на неговата првична тежина.
Со овој негов чекор, Адонис се надева дека ќе ги мотивира луѓето конечно да превземат контрола врз својот живот.
“Ако продолжевме со нездравата храна и уште понездравите навики, гробиштата ќе беа нашата следна дестинација”- изјавил Адонис, кој предупредува колку многу вишокот килограми можат негативно да влијаат врз нашиот организам.