„Лично ја испробав: Диетата ми помогна конечно да ги стопам масните наслаги на стомакот и дури ниту по 3 години, килограмите не ми се вратија!“
Вишокот килограми и масните наслаги не само што даваат непријатен изглед, туку и му штетат на самото здравје. Постои една диета, чија популарност станува сè поголема во последно време и која завладеа кај жените ширум светот. Денес ви откриваме за што поконкретно станува збор.
Диетата „Сензација“ (анг. Sensation) e умерена нискокалорична диета и доволно долга за практикување, односно може да ја држите до 3 недели. Според авторите на истата, при практикувањето на оваа диета, секоја недела губите од 3 до 5 килограми, а целосната загуба на телесната тежина по тие 3 недели треба да изнесува од минус 7 до 12 килограми.
Истовремено, многу важно е да знаете дека оваа диета го нема непријатниот ефект на враќање на килограмите, тие нема да се вратат па дури ни после 3 години.
Балансирана диета
Во продолжение ви го откриваме 7-дневното мени. Во втората и третата недела се прави повторување на првата недела. Исто така, доколку порано од предвиденото го изгубите посакуваниот број на килограми, се препорачува да не ја следите диетата до крајот.
Меѓу оборците можете да пиете вода во количество по ваша желба.
7-дневно мени
Ден 1
- Појадок: Шолја кафе
- Ручек: 2 варени јајца, салата од спанаќ или варени моркови со малку масло за готвење, еден домат (или една чаша доматен сок)
- Вечера: 200-250 гр печено пилешко месо, зелена салата (зелка, морков, цвекло)
Ден 2
- Појадок: Шолја кафе и бисквити
- Ручек: 100 гр пилешко месо, 1 порција од зелената салата
- Вечера: 200 гр шунка или било какво варено месо и чаша кисело млеко
Ден 3
- Појадок: Шолја кафе и бисквити
- Ручек: Салата од морков, цвекло и целер приготвени со растително масло за готвење, 1 домат или чаша доматен сок, една мандарина или слива, 1-2 портокала
- Вечера: Исто како ручекот
Ден 4
- Појадок: Шолја кафе
- Ручек: Варено јајце, 3 големи варени моркови кое може да си ги направите како салата, 150 гр сирење
- Вечера: Овошна салата (Но, не и банани во истата)
Ден 5
- Појадок: Рендани моркови со сок од лимон
- Ручек: 0.5 кг риба и 1 домат или чаша доматен сок
- Вечера: Мало парче пилешко месо и салата од свежи зеленчуци (зелка, моркови, цвекло, краставици, пиперки)
Ден 6
- Појадок: Шолја кафе
- Ручек: 0.5 кг печено пилешко месо
- Вечера: 2 варени јајца, 2 свежи рендани моркови, шолја чај
Ден 7
- Појадок: Шолја чај
- Ручек: 150-200 гр печено телешко месо со голема проција зелена салата
- Вечера: Исто како ручекот
За време на држењето на диетата, нема да се соочите со чувство на глад, бидејќи во истата се предвидени доволни колилчества на протеини и минерали кои ќе ве заситат.
Исто така, не заборавајте дека пред држењето на било која диета, да направите лекарска консултација, за да утврдите дали истата одговара на вашиот организам.