Личноста, која постојано се жали, ја троши вашата витална енергија – Еве како да се заштитите од луѓето кои енергетски вампири
Способноста да се покаже сочувство со соговорникот е еден од најдобрите квалитети што може да ги поседува човекот. Но, доколку по разговорот со одредена личност се чувствувате исцрпено, тогаш еве што треба да промените.
Во животот, секој од нас има многу проблеми. Нашите роднини и пријатели исто така се соочуваат со сопствени проблеми и често сме соочени да ги слушаме како се жалат. Од една страна, затоа и постоиме, да си помагаме меѓусебно, но од друга страна, доколку често ги слушаме другите како се жалат, тоа може значително да ја исцрпи од нас, нашата витална енергија.
Негативното влијание на човекот
Некои луѓе зборуваат за нивните проблеми за да добијат совет и поддршка, а други се жалат едноставно за да ја префрлат нивната негативна енергија врз соговорникот. Затоа е неопходно да научиме да ги разликуваме овие две работи.
Втората категорија на луѓе се сметаат за вистински егоисти, кои покрај тоа што сакаат да ја префрлат нивната негативна енергија врз останатите, сакаат истото да го направат и со чувството на вина. Тие комуницираат на токсичен начин.
Зошто не треба да ги слушате токсичните луѓе кога се жалат?
Бидејќи, оно кој постојано се жали, а не прави ништо за да го реши проблемот или да ја промени ситуацијата, се жали со единствено со цел и останатите да се чувствуваат лошо. На ваквите луѓе не можете да им помогнете, бидејќи ниту самиот нивен разговор нема смисла.
Први знаци дека нашата енергија е ицрпена од негативна личност
- Емоционален дисбаланс
- Се соочуваме со потешкотии во решавањето на нашите проблеми
- Проблеми со концентрацијата
- Појава на негативни мисли
Како да ја спречиме оваа појава?
Обидете се да ја сведете на минимум комуникацијата со токсиичната личност која е навикната постојано и бесцелно да се жали до бескрај. Дадете едноставен совет на личноста дека секој е одговорен за неговите постапки и дека единствено таа може да си помогне самата на себе, да го реши проблемот, доколку навистина сака.
Притоа, укажете на тоа дека треба да престане да се фокусира на лошото и да започне да ги цени убавините на животот.
Не покажувајте слабост и преголема емотивност, бидејќи истата може негативно да се одрази врз вас, односно да бидете искористени. Научете да поставувате граници со тоа што директно ќе објасните дека не сакате во секое време да зборувате само за лошите работи во животот.