Нумерологијата ја објаснува улогата на броевите во нашиот живот, бидејќи тие се многу повеќе од само обични цифри. Секој број со себе носи подлабока смисла и посебна енергија, која влијае врз нас.

Една од главните задачи на нумерологијата е да објасни и открие какво значење има вашиот датум на раѓање врз вашиот живот.

Еве како да пресметате кој е вашиот животен број, споре датумот на раѓање и притоа во продолжение откријте што значи истиот:

Пр. 7 мај 1980-та година

7+5+1980= 1992

1+9+9+2= 21

2+1= 3

7 мај 1980= број на животот: 3

Значење на броевите

Животен број 1: Оригиналот

Вие се противите да ги правите работите во животот, само затоа што општеството така налага. Наместо тоа, вие обожавате да ги поместувате границите на невозможното и постојано да го исполнувате вашиот живот со нови и возбудливи идеи.

Останатите се воодушевени од вашата уникатност, но бидете подготвени дека нема секогаш да ве разберат.

Животен број 2: Дипломатот

Додека останатите се повеќе фокусирани да бидат во центарот на вниманието, под светлината на рефлекторите, вие ја пронаоѓате удобноста токму зад кулисите. Среќни сте и секогаш исполнети, при што внесувате мир и хармонија во животот на луѓето околу вас.

Сепак, не заборавајте дека не е себично понекогаш самите себе да се ставите на прво место, особено во ситуации кога тоа е неопходно.

Животен број 3: Главен на забавите

Според вас, животот е една голема игра и сите ние сме тука да му се насладуваме и постојано да се забавуваме. Не се грижите многу за тоа која е вашата цел во животот, бидејќи сметате дека тоа е нешто што не можете да го контролирате.

Наместо тоа, вие сте максимално фокусирани на забавите. Зрачите со неверојатна енергија и ширите толку многу љубов, при што луѓето секогаш се привлечени од вас, каде и да отидете.

Животен број 4: Традиционалист

Вие цврсто верувате дека сите работи во животот имаат свој ред, место и значење, при што отсуството на рутина би ве довело до целосен хаос.

Поради оваа причина, живеете според строги правила и не умеете да се опуштите, односно не се задоволувате со работите кои отстапуваат од вашите критериуми.

Трудољубиви сте и поседувате убава енергија, но мора да запаметите дека понекогаш е неопходно да се согласите на компромис, за да избегнете конфликти.

Животен број 5: Секогаш преземате ризици

Животот е една авантура, на која вие се насладувате во секој миг. По природа сте многу љубопитни и секогаш сте нетрпеливи да научите или пробате нешто ново,

Бунтовни сте и сакате да ги кршите правилата, но не заборавајте дека одредени правила постојат со причина. Имате големо искуство кое сакате да го пренесете на останаите, кои пак, со задоволство ги слушаат вашите приказни.

Животен број 6: Романтичар

Во вашиот живот, љубовта никогаш не недостасува. Живеете, така што ја споделувате вашата радост и среќа со сите околу вас и затоа луѓето обожаваат да го поминуваат нивното време со вас.

Исклучително сте лојални кон луѓето и секогаш се трудите за да ја видите насмевката на нивното лице. Но, не заборавајте дека и вие имате свои потреби и своја вредност, кои секогаш треба да бидат исто така негувани.

Животен број 7: Филозоф

За вас, смислата на животот е постојано да барате нови знаења и информации. Вашиот живот е лист од постојано прашување за работите околу вас.

Ваквата љубов кон знаењето ви помага побрзо да се движите кон напред и да ги остварувате вашите цели, но обидете се да не се оддалечувате премногу од луѓето околу вас.

Животен број 8: Лидер

Без сомнеж, вие сте родени да бидете лидер. Кога ќе се соочите со предизвик, вие секогаш сте смели, самоуверени и решителни, при што на овој начин, лесно ја стекнувате довербата на луѓето околу вас.

Сепак, иако речиси секогаш се откажувате од вашите сопствени чувства и емоции, потребно е да знаете дека е сосема во ред, понекогаш истите да ги ставите на прво место, наместо да ги сокривате.

Животен број 9: Уметник

Каков ви бил животот без уметниците и општо креативните луѓе?

Кога животот станува тежок и сите луѓе ја изгубиле својата надеж, вие сте тие кои секогаш им ја давате вистинската причина за повторно да се насмеат.

Сочувствителни сте и грижливи и секогаш верувате дека и покрај сите проблеми, страдања и насилство во светот, дека секогаш има простор за ширење љубов и надеж.