Лимонот е цитрусно овошје, богат извор на витамин Це, витамин Бе, калиум, фосфор и магнезиум. Природниот вкус е кисел, истовремено освежува и благотворно делува врз човековиот организам.

Во домаќинствата се користи како додаток на пијалоци, чаеви и одредени видови јадења. Како идеален антиоксиданс, ви претставуваме 2 начини како да го конзумирате наутро и навечер, со што ќе го подобрите своето здравје, ќе го забрзате метаболизмот и ќе се ослободите од мачните киселини во текот на ноќта и утринските главоболки предизвикани од атмосферскиот притисок.

Наутро:

  • сок од половина лимон
  • 200 мл. вода

Во чаша со вода се цеди половина лимон и се пие на гладно срце. Освежува, ви дава енергија и хидрира, а со редовна употреба се губат и вишок масти.

Навечер:

  • 250мл. вода
  • 5 лажици сок од лимон
  • 1 лажица мед

Водата се загрева, да биде умерено топла, се додава медот и лимонот. Се пие 2 часа пред спиење.