Липа: Дрвото со голем број лековити својства, кое може да се најде во сечиј двор
Со височина од 20 до 40 метри, листови во форма на срце и прекрасен мирис, во продолжение прочитајте кои се бројните придобивки од лековитите својства на ова чудесно дрво.
Карактеристики
Во летниот период, величественото дрво е најзабележително поради неговото обилно зеленило, пропратено со крупни листови. Има дебели и мазни гранчиња, а во центарот на срцевидните листвови е сместен мал зрнест плод.
Липата потекнува од семејството на слезовите и расте во пределите со умерена температура, а се карактеризира со неверојатно прекрасен мирис и изобилува со богат нектар.
Лековити својства
Липата не е само величествено на изглед и дрво со прекрасен мирис, тука таа има голем број лековити својства.
Покрај тоа што е одлична за крвта и се препорачува на луѓето кои страдаат од анемија, липата е и идеален природен лек за намалување на крвниот притисок. Воедно, чудесното дрво ефикасно влијае во подобрувањето на функцијата на црниот дроб, поттикнувајќи го протокот на жолчката низ истиот.
Совршена алтернатива за опуштање и отстранување на брчките и флеките од кожата, липата делотворно влијае и во спречувањето на косата.
Може да се користи за ублажување на изгорениците и позитивно влијае врз функцијата на бубрезите, поттикнувајќи го мокрењето и потењето, а со нејзините анти-воспалителни својства помага во борба против белодробните воспалителни процеси.
Употреба на липата
Чај од липа кој ќе помогне за сите горенаведени здравствени проблеми
Во сад затоплете 2 дл вода, oдносно почекајте да зоврие. Потоа истата зовриена вода прелијте ја врз 2 кафени лажици цветови од липа и така приготвената смеса оставете ја да отстои 15 до 20 минути. Привремено промешувајте, а пред консумирањето на чајот, добро процедете, за да добиете чиста течност.