„Лицето ми беше како со дупчиња, порите ми беа ужасно проширени, но откако ja користам оваа домашна маска, тоа стана супер мазно!“
Проширените пори се често застапен козметички проблем кај многумина, иако кај некои се помалку видливи, кај некои пак, повеќе. Во секој случај, факт е дека секој би сакал да се ослободи од истите и да има мазно лице.
Хормонските промени, неправилната исхрана, недоволната грижа за кожата – сето тоа може да влије негативно и да придонесе за појавата на проширени пори. Но, без грижи, токму за оваа цел, денес ви ги претставуваме 2-те најдобри домашни маски со кои брзо ќе му кажете збогум на овој козметички проблем.
Доматна маска против проширени пори
Оваа маска е многу лесна и ефикасна, при што дури не ни можете да претставите каков прекрасен ефект врз кожата има чистиот доматен сок. Затоа, исечете ги доматите и вие или со помош на некој друг, наредете ги на вашето лице и така оставете ги да отстојат 10-15 минути.
Потоа, внимателно намачкајте го лицето со свеж сок од домати и оставете го да отстои дополнителни 10 минути. На крај, за миењето на лицето наизменично користете топла и студена вода, а на крај повторно завршете со студена вода.