„Лицето ми остари од нервоза, но една пријателка ми го даде овој домашен рецепт, а резултатите едноставно ме воодушевија“
Доколку имате желба и сакате да ја негувате вашата кожа, но немате премногу слободно време, тогаш слендото домашно решение е идеалното за вас. Се прави многу брзо, а резултатите се неверојатни.
Станува збор за домашна маска за лице со кисело млеко, која буквално ќе ја оживее вашата кожа, при што повторно ќе се чувствувате млади, прекрасни, свежи и сигурни во себе. Домашната маска одговара на секој тип на кожа. Истата ефикасно ги отстранува недостатоците од лицето, како и несаканите знаци на стареење, меѓу кои и здодевните брчки. Еве како лесно може уште денес да ја приготвите:
Домашна маска за свеж и млад изглед
Потребни состојки
- 2 белки
- 2 супени лажици кисело млеко
Начин на подготовка и употреба
Одделете ги белките од жолчките, а потоа измешајте ги со киселото млеко, до добивање на соединета смеса. Добиената маска нанесете ја врз чисто лице и оставете ја да отстои само 5 минути.
На крај, измијте ја со ладна вода, а за да го завршите крајниот ефект, на лицето поставете мека затоплена крпа, опуштете се и оставете ја да отстои така одредено време.
Ефектот е неверојатен, односно оваа маска ќе ви овозможи да добиете мазно, чисто, свежо и блескаво лице.