Луѓе споделија духовити случки што нè натераа да веруваме во „брза карма“
Типичните изреки како „размислете пред да зборувате“, се совршено прилагодени на оние кои зборуваат за сè, иако не знаат ништо. Факт е кога луѓето мислат дека знаат се, може да биде навистина тешко да „ги спуштиме од облаците“. Револтирани што поминале низ такви моменти неколку интернет корисници ги раскажаа своите искуства со луѓе кои биле подготвени да им дадат совет, да ги поправат или да се смеат на нивна сметка, без никаква основа.
- Пред неколку години, некои момци зборуваа за автомобили и мотори и не се ни сеќавам за што друго. Еден од нив ми се закачи (јас сум жена) и рече: „но веројатно ти не знаеш ништо за тоа, нели?“ Мојот сопруг го исправи и рече: „Таа знае повеќе за автомобилите отколку јас, затоа не биди толку сигурен“. Потоа, се разбира, тој се обиде да докаже дека знае повеќе. Не знаеше.
Јас пораснав околу тркачки автомобили и автомеханичари, па можете да замислите колку беше засрамен кога докажав дека знам повеќе од него.
- Јас сум правам апликации во јавниот сектор. Имам направено неколку компјутерски програми за човечки ресурси, систем за известување за инциденти и некои системи за управување на местото каде што работам. Многу пати ми се случило луѓе да ми кажат дека погрешно ја користам апликацијата што јас самиот ја направив. Особено ми се допаѓа кога ќе ми кажат дека треба да ги „прашам луѓето во компанијата“. Ух, која компанија би била тоа? Им велам дека е многу ласкаво што мислат дека софтверот е направен од цела компанија наместо само од мене.
- Корпоративен тренер дојде во нашите канцеларии за да одржи обука. Јас отидов да се поздравам и да видам дали ѝ треба помош. Таа имаше проблеми со поставувањето на проекторот пред сесијата. Почнав да се обидувам да ѝ помогнам, но не сум многу стручен со проекторите. Таа стана нервозна бидејќи претпостави дека сум од IT одделот и не знам да си ја вршам работата.
На крајот ја средивме работата и ѝ понудив кафе. Таа беше груба со мене затоа што беше нервозна од целото фијаско со проекторот. Пред да започне сесија јас ја претставив пред 40 луѓе и ѝ се заблагодарив што дојде. Таа сфати дека јас сум шеф на одделот и дека јас јас плаќам за да биде таму.
- Еден дечко се обиде да ми каже дека знае повеќе за мојата работа отколку јас затоа што тој „завршил училиште за инженери“, а јас само ги продавам машините. Му испратив е-пошта со неколку информации директно од производителот кои докажуваат дека не е во право. Тој повеќе не е мој клиент. Не ми е гајле за него или за било кој друг што го користи образованието како причина да биде некултурен.
- Возев такси додека студирав, еден ден се качи едно дете и разговорот течеше вака:
Јас: Што студираш?
Тој: Компјутерски науки?
Јас: Навистина? Супер! На што работиш сега?
Тој: Прилично е комплицирано, правам некои неверојатни работи. Нема да разбереш и да ти кажам.
Јас: Па кажи ми, сакам да знам.
Тој: Многу напорни работи со базата на податоци и работи со веб-апликации, како HTML. Само што научив за рамката NodeJS. Веројатно ништо не ме разбираш. А што е со тебе? Си бил ли некогаш на факултет?
Јас: Во моментов имам диплома за компјутерски науки и инженерство за компјутерски системи.
Остатокот од возењето беше прилично незгоден.