Луѓе споделуваат кратки приказни за како нивниот „луд сосед“ го добил тоа име
„Сакај го блискиот“ е многу тешко да се направи кога твојот сосед те полудува. Сите многу добро знаеме да проповедаме за тоа како треба сите да се сложуваме и како комуникацијата решава сè… додека вашиот сосед не започне да копа цвеќиња во вашата градина и да ви ги јаде цвеќињата.
Прочитајте некои од најдобрите соседски приказни подолу.
Тој ми ги јаде цвеќињата.
Тој кажа дека јаде цвеќиња уште се доселивме во куќата, кога за подарок ни донесе смрзнати колачи во ќеса и рече дека не знае што има во нив. Делиме спореден двор со него и уште првиод ден забележав дека „тулите“ на неговата фасада се всушност покриени со ќерамиди за да изгледаат како вистински тули.
Не е многу страшно да се живее до него, тој е само екцентричен „стонер“ кој ужива во колачиња со марихуана и ми ги јаде цвеќињата. Можеби никогаш нема да имам убава градина но бар не е гласен тинејџер кој прави забави дома.
Луда баба
Нашата соседка имаше поставено знак „Не влегувај“ во нејзиниот двор, и како тоа да не беше доволно, по некое време стави камери со сензори. Кога бевме мали таа ни ја дупна топката затоа што паднала во нејзината градина, повика полиција затоа што кучето на соседите непрекинато лаело (моите соседи немаа куче) и ја нарекуваше мајка ми „предавничка“ затоа што ги предупреди новите соседи да не ги пуштаат децата во дворот на бабата. Пред некоја година засадивме мало дрво во нашата градина а таа почна да ни вика дека мора да го исечеме затоа што ќе паднело и ќе ја срушело нејзината куќа.
Крадец
Ги откопа моите цвеќиња и ги засади во нејзината градина оддалечена само 4 метри од мојата.
Паничар
Соседот на мојата сестра ја пријави во полиција затоа што нејзините деца си играле во дворот. Не поради бучава и вознемирување, туку поради тоа што во Италија еруптирал вилкан и децата биле изложени на радијација. Сестра ми живее во Англија.
Мачка
Мојот сосед се крие позади грмушки и „мјаука“ на луѓе што поминуваат. Очигледно нешто не е во ред. За него се грижат родителите, кои патем се многу фини луѓе, еднаш татко му ми кажа „Тој едноставно сака да биде мачка“. Не прашував повеќе прашања.
Натрапник
Го чував кучето на едни пријатели додека тие беа на одмор. Нивниот сосед влезе во куќата со пиштол, го впери во мене и им се јави на моите пријатели да им каже дека има натрапник во нивниот дом.
Птичарка
Мојата сосетка ми оставаше заканувачки пораки и ме обвинуваше затоа што птиците пееле премногу гласно. Не домашни птици, врапчињата надвор…
Закана
Мојот сосед ги исече гранките од моето дрво што влегуваа во неговиот двор. Според мене тие воопшто не пречеа но во ред, негов двор негово право. Но потоа тој ги изрезба во форма на колци и ги нареди покрај оградата со остриот врв насочен кон мене. Изгледаше како сцена од некоја античка битка.
Хотел за кучето
Мојот сосед има куче кое спие во куќичка опремена со светло на сензор, радио за кучето и вентилатор. Можеби не е лудно, но не знам многу луѓе што имаат радио за кучињата.
Косилка
Мојот сосед влегол во мојот двор додека бев на работа за да ја искоси тревата. Мојата косилка беше расипана, и не јас не му реков да ми ја коси тревата. Ја удрил косилката во камен и таа се расипала, а сега бара од мене јас да му ја платам. Не ни му дозволив да влезе во мојот двор, а не па да коси трева.