Луѓе споделуваат приказни за „професионалци“ кои имале контроверзни мислења
Едно е ако вашиот чичко рече дека не верува во време. Но, би бил сосема поинаков разговор ако истите зборови ги каже часовничар.
Инспириран од една објава каде што микробиолог го изрази своето разочарување откако дозна дека еден од неговите колеги „не верува во вакцини“ (анти-ваксер), корисникот на Reddit, MoniMokshith разви интересна дискусија.
Делот за коментари беше исполнет со слични приказни од луѓе кои зборуваат за „професионалци“ кои одбрале кариера која е контрадикторна со нивните лични ставови. Еве некои од нив.
- Јас сум медицинска сестра и работев со многу луѓе во областа на здравството (не само други медицински сестри, туку и лабораториски работници, фармацевти, дури и некои доктори) кои мислат дека КОВИД е измама.
- Мојот наставник по биологија во средно училиште беше многу религиозен. Тој нè „научи“ за еволуција раскажувајќи ни како се` тоа е ср**е. Секогаш се прашувам зошто луѓето избират кариера која е контрадикторна со нивните ставови.
- Имам работено со инженер за воздухопловство / аеронаутика, што верува дека земјата е рамна. Беше чудно затоа што за да бидат точни пресметките, треба да земете предвид дека земјата не е рамна.
- Јас сум професионален готвач. На почетокот на пандемијата, слушнав дека еден готвач со кој работев одбива да носи маска. Еднаш го прашав зошто ги мие рацете пред да почне да готви и одговорот беше „бидејќи така треба“.
- Вујко на мој пријател верува дека „5G ви дава рак и владата го контролира вашиот ум“. Тој работи на инсталирање на 5G мрежа.
- Работев со пилот кој веруваше дека земјата е рамна.
- Мајка ми се занимава со она ср**ено хомеопатија (лекување на болести со души и елементи или што и да е). Таа е фармацевт.
- Познавав луѓе кои веруваа дека земјата е рамна и дека слетувањето на Месечината е лага… сите бевме инженери за сателитски комуникации.
- Јас познавам некој што не верува во теоријата на микробите. Ние работиме за компанија што прави средства за стерилизација.
- Јас порано работев со геолог кој сметаше дека минералите („кристалите“) може да ве излечат дури и од рак.
- Еден од моите наставници ( не беше наставник по биологија) ме натера да напишам домашна работа за да докажам дека диносаурусите не се цицачи бидејќи, според него, цицачите се животни со бели дробови.