Луѓето кои ја имаат оваа честа секојдневна навика, се склони кон дебелеење
Доколку забележавте дека малку сте се здебелиле во последните 2 недели, проверете дали ја практикувате оваа навика. Можеби токму тука се крие причината.
Станува збор за навиката во спиењето. Односно, лошиот сон и неквалитетното спиење можат на многу начини да влијаат врз вашето секојдневие. Но, едно неодамнешно истражување докажа дека постои врска меѓу неквалитетниот сон и вишокот килограми.
Поради тоа, мора да внимавате и на вашето ноќно одмарање, доколку сакате да си ја одржувате вашата фигура.
Доколку спиете помалку часови од потребното, според вашата возраст, тоа може негативно да ви влијае на повеќе начини, како на пример, да ја наруши вашата продуктивност, да го намали нивото на енергија, што дополнително ќе ве направи нервозни, а нервозата може да резултира со чести караници меѓу вас и вашиот партнер или најблиски. Нервозата е уште една причина за вишокот килограми.
Воедно, истражувањето спроведено од колеџот Кингс во Лондон и колеџот Врије во Амстердам, откри врска меѓу недостатокот од квалитетниот сон и внесувањето повеќе калории следниот ден.
Истражувањето анализираше 11 студии кои ја испитуваа врската меѓу недостаткот од сон и дебелеењето. Во истото биле вклучени вкупно 172 учесници. Дел од ученициите не спиеле квалитетно повеќе од 2 недели, за разлика од другите кои имале квалитетен сон. По некое време, анализиран бил и нивниот калориски внес.
На крај од истражувањето беше откриено дека учесниците кои немаат квалитетен сон консумираат 385 калории во просек, повеќе од оние кои немале проблеми при спиењето.
Воедно, научниците докажаа дека колку помалку човекот останува без квалитетен сон, токолку повеќе се зголемува калорискиот внес.
Учесниците исто така избирале различни видови на храна и за време на нивните „добри“ денови во спиењето, често претходно избирале да консумираат нездрава и мрсна храна. Исто така, овие луѓе консумирале помалку протеини, односно скоро цело време само внесувале јаглехидрати. Исто така немало никакви промени во активностите.
Тоа довело до едноставен заклучок: Доколку не спиеме доволно, наредниот ден ќе консумираме повеќе калории, а нема да бидеме активни за да ги согориме истите и тоа ќе доведе до нашето дебелеење.
Истражувачите веруваат недостатокот од сон си поигрува со нашиот глад и рамнотежата на хормоните. Но, едно друго истражување покажа дека оваа штетна навика може да ја наруши активноста на мозокот, поконкретно делот одговорен за мотивацијата. Па така, по лоша непроспиена ноќ и намалена енергија, едноставно само сакаме да се утешиме со вкусна, но и нездрава храна, за да го избегнеме стресот. А всушност го храниме и него.
Но, последиците од неквалитетното спиење не завршуваат тука.
Луѓето кои не спијат доволно претходната ноќ, тогаш следниот ден во однос на исхраната, се склони да избираат храна која е полна со масти. Кога луѓето консумираат таква храна, како на пр. хамбургер или пржено пилешко, тие вечера повторно имаат проблеми да заспијат. А со изборот на ваква храна, калорискиот внес значително се зголемува. Тоа исто така го нарушува квалитетниот сон и така во круг, се создава лошата навика при спиењето, а која започнува од нездравата исхрана.
Недостатокот од квалитетен одмор на мозокот и добар сон ќе ве доведе до нездрав круг и начин на живеење, но внимавајте да не паднете во таквата замка.